Говор на монахиња Ефимија при премиерата на докуметарниот филм „1000 години – Сведок на Светлината“, во МНТ, на 15 април 2022 година
Почитуван Претседател г. Стево Пендаровски
Ваше Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан
Ваше Преосвештенство, епископ Антаниски г. Партениј, Старец и Игумен Бигорски,
Ваше Преосвештенство, епископ Стобиски г. Јаков,
Ваши Екселенции,
Почитувани присутни гости и пријатели,
Почитувани гледачи пред малите екрани,
Документарецот со својата крстовоскресна содржина токму сега кога сме на самиот праг на Големата и Страдална Седмица, пред сите нас изнесе навистина важни пораки.
Затоа, јас не би сакала да кажам ништо повеќе од она што и самите пред малку го чувте и видовте, освен од ова место, каде што повеќето од нас многу пати сме се сретнале со убавината во големите дела на уметноста, да ја искористам можноста, од името на нашиот Старец, владиката Партениј, од име на целото наше монашко братство и сестринство, да ги прочитам имињата и да ги повикам овде на сцената за да им изразиме благодарност на сите оние убави, неуморни, креативни и благородни луѓе, кои во изминатите пет години, многу искрено и дарежливо го споделија со нас чувството за висока естетика, професионално знаење и длабока уметност. И не само за тоа, туку повеќе од сè – за нивната чиста љубов и верба во нас, со што и самите станувајќи сведоци на Светлината, трајно се вградија во историјата на Бигорското светилиште.
Да ги поздравиме со еден огромен благодарствен аплауз… Ќе започнам од единствената дама во екипата:
г-ѓа Елена Цветковска,
г. Милан Копчаревски,
г. Томе Љушев,
г. Ѓорѓи Димовски,
г. Влатко Деловски,
г. Александар Пауновски,
г. Александар Дончев,
г. Александар Тодоровски,
г. Сашко Мицевски,
г. Дарко Димитриевски,
г. Симон Кипровски,
г. Никола Грнчаров,
г. Стојан Стојановски,
г. Марко Ѓурчиќ,
г. Сашко Стојановски,
г. Горан Кузмановски,
г. Братислав Зафировски,
г. Дарко Данилов,
г. Горан Трајковски – Готра,
г. Горан Костадинов,
г. Бранко Блажевски,
г. Илија Жоговски,
г. Благој Веселинов,
Бигорската Обител сака да изрази благодарност до уште една личност којашто постојано бдее и се грижи за нашето здравје. Да имате сознание дека некој е ваша здравствена поткрепа додека ги извршувате вашите, не малку лесни обврски, е навистина голем дар. Затоа, топло и искрено сакаме да му се заблагодариме на д-р Жан Митрев, доделувајќи му орден Претеча.
Пред самиот крај на овој за сите нас значаен настан, со кој ја заокружуваме прославата за илјадагодишнината од основањето на Бигорскиот манастир, би сакала да истакнам уште нешто што е многу важно:
Да се соработува со Илија Каров е навистина голем дар. За сите нас! Зошто? Поради неговата смиреност, автентичност, непосредност, дисциплинираност, но и храброст и одлучност во клучните моменти, поради неговата бескомпромисна верност не само кон уметноста, туку и кон Првоуметникот и оние што Он ги избрал за да Му содејствуваат во убавината.
Затоа, Бигорскиот манастир, предводен од игуменот и владиката Партениј, на овој слободен во духот, креативен и културно и духовно издигнат човек, му го доделува орденот Претеча, со замолница да продолжи да се изразува преку она што најдобро го умее – филмската уметност.