Нов бугарски филм за св. Ефрем од Неа Макри

Извор:

На официјалната церемонија во Благоевград, новиот бугарски филм посветен на чудата на Св. Ефрем од Неа Макри, доби големо признание. Овој филм раскажува за ангелскиот живот, суровото мачеништво и неверојатните чуда на Св. Ефрем Новомаченикот, низ изјавите на ерарси и други сведоци од Грција и Романија. Св. Ефрем е еден од највозљубените светии во Грција, уште од 1950 година кога беа откриени неговите мошти, 524 години после неговото мачеништво. Покрај расказите за помош кон наркозависници, филмот исто така кажува и за луѓе исцелени од рак, за мртво бебе кое оживеало во утробата и за оздравувањето на ментално болна жена која имала обид за самоубиство.

Во Благоевград на авторот на овој филм Ангел Бончев му беше доделено национално признание во чест на неговиот креативен приказ за тоа како верата помага против ширењето на зависностите.