Потребни состојки:
- 15 лажици студена вода
- 15 лажици шеќер
- 1 лажичка сода бикарбона
- 15 лажици брашно
- 250 гр. мелени ореви
- 100 гр. суво грозје
- 250 гр. гриз
- 1 прашок за пециво
- Кокос
- 500 гр. шеќер (за шербет)
Начин на подготовка:
Во длабок сад, со дрвена лажица се мешаат водата и шеќерот, се додава сода бикарбона и со постепено мешање се додава брашното, а потоа исецканите ореви, сувото грозје, гризот и на крај пецивото. Откако смесата ќе стане хомогена, се пече во тавче обложено со хартија за печење на 180°C, околу 30′. Се проверува со чепкалка за заби за да се види дали тортата е печена. Откако ќе се излади, се сече на парчиња и се полева со топол шербет, а може да се посипе и со сецкани ореви или кокос.
Подготовка на шербетот:
500 г. шеќер се вари со 500 мл. вода, стапче цимет и парче лимон, околу 15′.