Потребни состојки:
- 2 кг. спанаќ
- 2 главици кромид
- 3 пиперки
- 3 моркови
- 1 филџан ориз
- 2 лажици доматно пире
- 2 лажици пченкарно брашно
- 2 лажички зачин од зеленчук (Вегета, Зачинал…)
- 1 лажичка буковец
- 1 лажица сенф
- Бибер
- Сол
Начин на подготовка:
Спанаќот се мие и се сецка, кромидот се лупи и се сецка на ситно, па се динста во длабок сад со малку вода и се додаваат морковите излупени и исецкани на коцки. Кога морковите ќе се сварат, се додаваат исецканите пиперки и спанаќот и откако сето тоа убаво ќе се издинста, се додава зачинот и буковецот, се остава уште две до три минути и потоа се додава вода. Откако ќе почне да вари, се додава доматното пире и сенфот, а после неколку минути варење се додава пченкарното брашно растворено со ладна вода и оризот. На крај се додава малку бибер, сол по вкус и се остава уште малку да повари.