Макарони манџа

Потребни состојки:

  • 1 пакетче макарони
  • 2 главици кромид
  • 200 гр. маринирани печурки
  • 75 гр. соја трошки
  • 850 гр. ѓувеч од конзерва
  • 2 лажици пченкарно брашно
  • 2 лажички зачин од зеленчук (Вегета, Зачинал…)
  • 2 лажички буковец
  • 2 лажици сенф
  • Бибер
  • Сол
  • 2 ловорови листа
  • 1 лажичка оригано
  • Масло

Начин на подготовка:

Кромидот се лупи и се сецка на ситно, па се става во длабок сад (од три литри) да се пржи во загреано масло. Потоа се додаваат печурките и, откако ќе се испржат, се додава зачинот, буковецот и сојата, претходно потопена во врела вода и добро исцедена. Откако ќе се испржи сојата, се додава ѓувечот и добро се пржи, па се додава вода. Сето тоа врие околу десетина минути и потоа се додаваат макароните, а нешто подоцна кога тие ќе зовријат, се додава пченкарното брашно, претходно растворено со ладна вода, потоа сенфот, ориганото, ловоровиот лист и малку бибер и сол по вкус. Сето ова се вари околу пет минути, се трга од оган и се остава уште десет минути, па се сервира.