Просфори

Потребни состојки:

  • 1½ кг. брашно
  • 2 лажички сув квасец
  • 2 лажички сол
  • 1 л. вода

Начин на подготовка:

Во пластичен сад се става потребната количина на брашно, квасец и сол, сето ова убаво се меша и по потреба постепено се додава водата (околу 1 л.) и се меси сè додека убаво не се соедини и тестото не се изедначи. Потоа се остава да стои околу еден час за да нарасне. Се размесува и се дели на десет еднакви делови, од кои се формираат топчиња. Топчињата се расукуваат во круг со дијаметар од околу 15 см. и две кружни теста се ставаат едно врз друго за така да се добијат пет просфори. Откако ќе постојат, на просфорите се втиснува печатот и на краевите од втиснатата шара се боцка со чепкалка, за да се спречи пукањето на просфората кај печатот. Веднаш потоа, без да се остава да нараснат, просфорите се печат околу 30′ во рерна загреана на 150°С. Откако ќе се испечат, се завиткуваат во волнено платно и се оставаат да стојат неколку часа.