Догмите во нашиот живот – I дел

Исихазмот во XIV век, всушност не бил духовно движење за монаштво, во таа мера во којшто бил духовно движење за спасување на членовите на Црквата. Исихазмот во рамните на Црквата се појавил рано и тој претставува теологија, искуство, плод на Светиот Дух Кој го чува карактерот на Црквата како тело Христово. Да претпоставиме дека Бог поинаку ги има уредено работите така што XIV век да не се случил соборот на којшто Св. Григориј Палама се борел и дал крв од своето срце, дел од својот живот, плод од своето искуство за да бидат донесени овие одлуки, тогаш работите можеби не би биле толку едноставни како што денес ги доживуваме.

Поводот којшто создал предуслови за свикување на соборот во XIV век на којшто во полн сјај заблескал Св. Григориј Палама, што и денес блеска како сјајна ѕвезда на небото, е многу длабок.

Во тоа ризично време Св. Григориј ја прослави и утврди Православната вера откако претходно и самиот стана „сад на Духот“, како што се вели во богослужбата на неговиот спомен. Од овој сад тој го изнесе богатството на Духот Свет и го раздели по целото тело на Црквата, па заради тоа во службата се нарекува „боговдахновена уста на благодатта“, уста која го шири огнот на Светиот Дух. Тој во нашата Црква толкава радост и ѝ подари толку одлучувачки догматски победи, што сите го исповедале како „голема радост на Вселената“.

Знаете ли колку уште од почетокот на црковниот живот бил вложен труд и борба за догмите? Од тука веднаш во нас се раѓа прашањето: „А што се најпосле толку битни тие догми, што толку заради нив пострадале та дури и манастири поради нив биле уништувани: (бидејќи еретиците се кревале против монасите), па поради нив и некои делови од Црквата се отцепиле“.

Секако во наше време зборот догма ни во срцето, ни во ушите не звучи правилно. Поради тоа што денешниот човек одрекува секаков облик на авторитет, зборот догма на неговата душа ѝ звучи многу остро. Современиот човек знае да ја покажува својата волја, да го наметнува своето мислење, да ѝ угодува на својата развратност, на својата духовна неодговорност, да ја поддржува слободата (самоволието) и еманципацијата, да вели дека не верува во догми – тој едноставно не ги разбира нив, мисли дека догмите се богословски дефиниции без некаков суштински повод и причина. Нема никакви богословски знаења, ниту метафизички искуства, па затоа негативно реагира на зборот догма. Овој збор го поврзува со наметнувањето на закони кои човечките души ги лишуваат од слобода, а го поврзува и со неразбирливите философски начела.

Но за нас догмата е нешто друго. Словото и духот на Светото Писмо и Свештеното Предание, се заеднички договор на Светите Отци. Догмите се засноваат на Светото Писмо, но се развиваат и формулираат во Црквата, и тоа на Вселенските и Помесните Собори. Догмата е предводник која го води човекот, но според неговата слободна волја. Ние верните многу добро знаеме дека Светите Отци на нашата Црква, со својот живот и учење и Светите Собори, од преголема љубов кон стадото на Црквата, и од опитно сознание и пастирска одговорност, ја протолкувале содржината на верата за ние да можеме да ги стекнеме автентично изразените вистина, пат и живот на спасението.

Бидејќи догмата е толку важно прашање, постои соборно правило кое ги обврзува архиереите два пати годишно да се собираат на собори и заедно со канонските прашања да ги проучуваат и догмите. Вториот Собор бара: „Верата на сите оние луѓе кои се прославија во Божјата Црква… цврсто да се држи и до крајот на вековите да се одржи непоколеблива, како и нивните богопредадени списи и догми“. Догмите треба да останат онакви кави што Христос ги втемелил во Својата Црква, бидејќи имаат „возвишена убавина“, односно богодостојна красота, красотата Христова, Славата Небесна, тие се живот на Царството Небесно. Оној кој ја валка „возвишената убавина“ на догмите го губи спасението, Го губи Бога.

Некој професор им предавал физика на учениците од основно одделение и секако, дошло до разговор и за Бога бидејќи и природата сама од себе зборува за Бога. Наеднаш, еден од учениците станал и рекол: Ама господине, татко ми ми рече дека Бог не постои. За кој Бог станува збор? Зарем е можно тоа дете, кое растело со такво размислување, да сфати што значи догмата и тоа дека догмата е столб на Црквата? Секако, би можеле да кажеме и нешто друго: „Зарем е можно тоа дете да живее без Бога?“ Ни боровите, ни елките, ни кедрите, ни кипарисите не можат да живеат без Бога: па како може тоа создание да живее без Бога? Дури ни едно цветче кое трае само еден ден не може да живее без енергијата Божја. Затоа е природно тоа што она дете, дете без темел, без корен, дете на нашето време, коешто на таков начин е задоено со тоа, не може да го разбере она што го кажува Црквата.

Но Црквата не е човечки организам, туку Богочовечки, токму затоа нејзиниот живот, како и нејзиното учење е тајна. Догмата, значи, е откривање на тајната. Не можеме да имаме Црква, а притоа да не го откриваме нејзиниот живот. Откривањето на Божественото битие на Црквата се случува преку догмите. Според тоа, догмата е единственото богатство кое ни ги отвора очите за да би Го разбрале Бога и да би Го имале покрај себе. Ако преку догмите не Го запознаеме Бога, нема да можеме ни да Го засакаме, ниту некогаш да Го доживееме во своето срце.

Тој професор, истиот тој ден, само што поминал преку школскиот праг здогледал некое тригодишно дете како плаче, липа, и со страв му паѓа во прегратки викајќи: „Баба рога!“ Станувало збор за свештеник. Детето било навикнато кога прави беља мајката да му се заканува на ваков начин: „Ќе те дадам на бабарогата“, му велела и покажувала кон свештеникот. Може ли тоа дете, кое научило дека свештеникот е бабарога, некогаш да ги разбере догмите? Може ли да Го разбере Бога? Колку само ги сакатиме луѓето, а и самите себеси, кога не им даваме можност да се запознаат со догмите.

Продолжува