Сликата на моралната машкост

Моралната машкост е добродетел која се пројавува како сила својствена на оној кој се воздигнал над сите животни неприлики и несреќи, кој е способен истрајно и непоколебливо да им дава отпорна неприликите кои го снашле и кој има цврста надеж во моралот и верата. На таквиот човек Божјиот закон му е правило на неговите намери и мерка со која ги одмерува своите постапки.Неволјите кои го снаоѓаат ни малку не му го потресуваат смелиот дух. Нема ниту материјално, ниту морално искушение кое би можело да ја раслабе постојаноста на неговите начела и довербата,никаква закана не е способна да го смути за да прими мислење кое е во конфликт со моралните темели на законот, никакво зло не може да успее да ја победи моралната сила на душата -машкоста. Тоа е она што му го укажува патот кон добродетелите, тоа го води кон мачеништво за вистината, го приведува кон совршенство, тоа ги облекува во порфир своите пријатели, ги правиугледни, ги воведува во Царството Небесно.
Мажествениот човек е благороден, вистинољубив, искрен, храбар, великодушен, благ, сострадален и трпелив, цврст, постојан, велеумен, самопрекорен, слободен, достоинствен и отмен.
Ништо ниско не може да стапи во неговото срце. Тој стои настрана од лукавите и ги прима добрите, а и на едните и на другите им прави добро. Не знае за одмазда, за враќање со зло излопаметење. Секогаш на ум го има доброто и делата за законот Божји.
Мажествениот човек секогаш се присетува на Господовите зборови: „ Не бојте се од оние кои го убиваат телото, а душата не можат да ви ја убијат. Климент, опишувајќи го својството на машкоста,вели: „Машкоста не значи само издржување на неволјите, туку и владеење со поривот за наслада и страсна желба, тага и гнев, и воошлто да се дава отпор на сé што ни ја заведува душатана сила или со измама, бидејќи треба да се издржи не само во несреќа и беда, туку и пред опасностите.“

Мажествениот човек секогаш Го благословува Бога за сé и се однесува така што да Му угоди само на Бога. Блажен е човекот кој се здобил со машкост, бидејќи сигурно чекори по патот кон спасението.