Се зарадуваа срцата на мноштвото верници кои присуствуваа на свечените богослужби во параклисот посветен на Св. Георгиј Кратовски, кој заедно со останатите параклиси го збогатува свештениот Бигорскиот манастир.Весели во Господа, граде Кратово, со околните места!Радувајте се, и ликувајте, вие кои се облековте со вера. Откако смелост ќе примите, со песни воспојте го новиот храбар војник Георгија, кој во последниве дни пострада големо трпение покажувајќи во огнот, како некогаш славниот апостол Матеј, и по него други великомаченици. Да Го прославиме Христа Кој нив ги поткрепи, победа над непријателот им дарува и со светли венци ги овенча, ги прослави насекаде по земјата, и на сите им го покажа ова младо момче, оставајќи голем пламен знак – неговите мошти ги дарува со благоухание; и Кој, заради него, и нам ни подава милост голема.
- Ознаки:
- Св. Георгиј Кратовски
Поврзано
Соопштение за бденијата од петтата седмица
- 24 март 2026
Патријаришско послание за Акатистот
- 23 март 2026
Венецот на единаесеттиот час
- 22 март 2026











