✤
Времето на покајание започна, плодовите на воздржување покажи ги, душо моја! Погледни ги оние што порано се покајале, и кон Христа повикај: Згрешив, спаси ме, како што си го спасил, Владико, митарот кој од сè срце воздивна: „Благи, Ти си единствен многумилостив“.
(Седален на Утрената)
✣✤✣
Постот наш да не биде само воздржување од храна, туку и оддалечување од секаква телесна страст: та откако ќе го покориме телото кое нè измачува, да бидеме достојни да се причестиме со Јагнето, доброволно заклано за светот – Синот Божји, и духовно да го празнуваме Воскресението на Спасителот од мртвите, и да се искачиме на висината од добродетелите, во светлина и во наслада од благородните дела, Човекољубецот веселејќи Го.
(Стиховна стихира на Вечерната)
✤