Денеска, во посета на Свештената Бигорска Обител дојдоа претставници од Амбасадата на САД во Македонија, г. Зеус Севила и г. Митко Бурчевски. Гостите имаа официјален прием кај Игуменот на Манастирот, Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј, во присуство на архимандритите Доситеј и Кирил.
Во рамките на посетата, беше разговарано за актуелните состојби во Манастирот, манастирскиот живот и неговото значење како духовен и културен центар. Посетителите се запознаа со дел од историјата на Обителта и нејзината улога во духовниот живот на регионот.