Заврши седмиот летен камп по Веронаука

Со слаткогласно пеење и љубов кон Бога, со голема ревност и силна вера, заврши и седмиот летен камп по Веронаука во нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица. Овој пат гости на летната школа беа милите Охриѓани, чиешто духовно воспитание е градено токму кај нас, под духовната закрила на нашиот возљубен Старец, архимандритот Партениј.

Најмладите Охриѓани, поминувајќи ги во огромна радост овие пет дена, ниту за миг не пропуштија да се насладуваат со прекрасните духовни поуки од примерите на Светите Отци и Старци на Православната Црква, толку полезни за нивниот духовен и морален развој. Но, особено интересно сказание за нив беше и историско-поучната лекција за Охридската Архиепископија, која тие, како жители на историскиот град Охрид со љубов ја усвоија, за што ни сведочат и нивните впечатоци, од кои ги издвоивме следните:

Харитина Влавческа, 10 години, ОхридДобрите и мили луѓе ја шират таа позитивна енергија која се населува во нашите срца. Овде сите луѓе се такви. Рајчица, тоа е место каде обожавам да одам. Кога слегов од автобусот мислев како да стасав во рајот. Пет дена си поминав најубаво и се прашував: Ова беше сон или реалност?! Секое утро со топла молитва, секоја вечер со топли бакнежи. Љубовта нема крај.

Лука Колевски, 9 години, Охрид – Јас сум Лука, имам 9 години, идам од Охрид на кампот по Веронаука во Бигорски Манастир со моите другари. На сабајле имавме литургија, после имавме часови, после канон.  И други служби и други часови. На певница монасите многу убаво пееја и многу убаво готвеа. Игуменот на манастирот со љубов не прими на кампот. После јадење чистевме. Бевме во Радика, се туркавме на рака. И многу ми се допаднаа монасите и манастирот. Ние бевме од 23-28. На сите трпези кога ни читаа добивавме и духовна храна. И јадевме палачинки.

Христијан Николоски, 13 години, Охрид – Пред се голема благодарност на Отецот, монасите, и на самиот Св. Јован Крстител. Многу ми се допаднаа сите активности. Како и часовите предадени со најголема љубов и топлина од страна на најдобрите монаси на овој свет. Мене лично најголем впечаток ми оставија моментите поминати на певницата во пресветиот храм. Исто ми се допадна и чистењето по јадењето и часовите по грицкање и читање. Посебно врежан отец во моето срце е отец Козма. Исто голема благодарност и за чичко Даниел кој не воспитуваше и чуваше во секоја секунда. Мене многу ми се допадна престојот во манастирот и би сакал да го посетам повторно.

Михаил Јанески, 10 години, Охрид – На овој камп си поминав многу убаво, запознав неколку нови другари. Научив многу работи за Христос. Секоја вечер гледавме филм или читавме приказна со Отец Митрофан. Пеевме во хорот. Учевме песна со Отец Козма. Бевме во овоштарникот, бевме кај кучињата. Се беше многу убаво, секој де станувавме во 6 часот. Научивме како се прави просфора, месевме лепче, го прошетавме цел манастир. Со Филип учевме за Симболот на Верата, го чистевме манастирот, учевме за црковно пеење и слеговме до реката Радика па отидовме да играме фудбал но почна да врне.

Константин Лушески, 13 години, Охрид – На овој летен камп во манастирот Св. Јован Бигорски научив многу работи. Монасите преку молитви и часови не учеа за црковното пеење, за тоа какви треба да бидеме, и дека треба да се почитуваме меѓусебно како добри христијани. Преку целиот ден имавме активности, а во вечерните часови гледавме филмови и Отец Митрофан ни читаше раскази за Христијанството. Една од активностите ни беше црковното пеење. Со Отец Козма научивме тропар за Св. Јован, а Филип ни објасни за историјата на црковното пеење и молитвите. На последниот ден прошетавме до реката Радика а потоа игравме фудбал. Во манастирот ми беше убаво и повторно ќе дојдам.

 

Јована Граждани, 10 години, Охрид:
Некогаш одамна, крај Дебар живеел,
еден мудар, паметен, светол во душа,
Охридскиот Архиепископ Јован,
кој молбите на народот ги слуша.Во еден манастир на Пречистата живеел тој,
Ама и пештерите на планината Бистра ги сакал како дом свој.
Со молитва, бдеење и пост,
го поминувал својот живот.Иконата на Светиот Претеча
кај реката Радика ја пронашол.
Затоа таму го изградил манастирот
на Крстителот Христов – Свети Јован храбриот.Со својата добрина, кротост и најсилна вера,
луѓето околу себе ги просветлил.
Со подвижничкиот, пак, живот,
и себеси се осветил.
Радувај се, Охриде,
граду древен,
Радувајте се Охриѓани,
оти за свој застапник го имате овој светец вреден.
Ратка Поповска, 9 години, Охрид:
Манастирот Рајчица,
е како мила мајчица.
Љубовта овде е чиста,
а тоа се гледа како река бистра.Божјата благодат е најзастапена
животот овде е многу смирен.
Активности, активности,
времето брзо поминува,
но секој од овде среќно заминува!