Нашето монашко братство, предводено од својот старец, епископот Антаниски г. Партениј, на нашиот почитуван архипастир, Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, му упатува искрени молитвени честитки по повод неговиот именден.
На денот кога светата Црква го прославува споменот на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан – жив образ на смирена жртва, исповедничка љубов и верност до крв – нашето братство се моли на Господа, по застапништвата на светиот првомаченик Стефан, да го укрепува нашиот Архиепископ со здравје, духовни сили, просветление, мир и радост во Христа.
На многаја лета, Блаженејши владико!












