Ирак: свештеници помагаат во возобнова на домовите на христијаните на ослободените територии

Извор:

Свештениците во Ирак со свои раце помагаат во реконструкцијата на околу 13 илјади домови во областа Ниневија, кои беа оштетени или целосно уништени од страна на ИДИЛ, со цел христијаните да можат да се вратат во нив. Безбедноста во овие територии е гарантирана од христијанските вооружени групи.

Најпрвин свештениците се зафатија со реконструкција на помалку оштетени домови на местата коишто ИДИЛ ги држеа под окупација помалку време. Реконструкцијата во Ниневиската област ги вклучува петте христијански села лоцирани во нејзиниот источен дел: Баднаја, Карамлеш, Телескоф, Бакофа и Телкеф. Еден од свештениците вели дека се почнало со работа во Телескоф и Бакофа, бидејќи тоа се села чиешто оштетување не е толку големо, спротивно на она што се случува во Баднаја каде речиси 80 % од домовите се комплетно уништени. Пред доаѓањето на терористите, во Телескоф живееја 1450 фамилии, во Бакофа 110, 950 во Баднаја, 700 во Телкеф и 850 во Карамлеш. За да би можеле овие семејства да се вратат, потребно е најпрвин да се осигури нивната безбедност овде.

Во Каракош, исто така ситуацијата е многу тешка: уште речиси 7 илјади христијански домови кои беа целосно уништени од терористите, сега треба одново да бидат изградени.

„Во почетокот бевме тим од 20 волонтери инженери; сега сме 40 и уште 2 илјади работници се подготвени да помагаат. Снабдувањето со електрична енергија постепено се врати и ова е многу важно за нашата работа, а поради тоа сме полни со оптимизам“ вели еден од свештениците.