Храм кој пловеше повеќе од 500 километри

Извор:

По реките Северна Двина и Пинега заплови брод во кој беше сместен храм, кој помина повеќе од 500 километри по далечниот селски крај на Кулосег во Архангелската област.

„Тежината на објектот е повеќе од 10 тони, длабината речиси 10 метри“. За полесно транспортирање неговата купола беше демонтирана и ставена во внатрешноста на постројката. Дрвениот храм го поставија на сплав, којшто помина со него 95 километри по Северна Двина и 430 километри по Пинега“, раскажува организаторот отец Сергеј.

Во транспортирањето на патувачкиот параклис посветен на Божјата Мајка „Взискание погибших“, помогна „Беломорската бродска компанија“, којашто е дел од корпорацијата „Титан“.

Како што соопшти прес секретарот на Пинежската добротворна организација Људмила Соснина, „локалните жители многу сакаа да имаат можност да се помолат и причестат во близина на своите домови, бидејќи до блискиот храм во Сосновка треба да се патува 15 километри, па дури и да се помине покрај река, а меѓу парохјаните има многу луѓе од поодмината возраст“.

Областа Кулосега се наоѓа на 115 километри растојание од регионалниот центар Карпогора. Сега во него живеат околу 100 луѓе. Храм во селото никогаш немало.