Посета на Амбасадорката на БИХ во Бигорски

Попладнево во посета на Свештената Бигорска Обител дојде Амбасадорката на Босна и Херцеговина во Македонија, Нејзината Екселенција, г-ѓа Лепа Бабиќ.

Амбасадорката имаше можност да се запознае со содржините на нашиот Манастир, како и со неговата евангелска мисија. Исто така, благочестивата г-ѓа Бабиќ беше гостољубиво примена и од нашиот старец и игумен, Архимандрит Партениј, со кого разговораа за повеќе теми од областа на православната духовност и философијата.