Трогателно погребение на жртвите од храмот на Светиот Пророк Илија во Дамаск

Извор:

Денеска, вторник, 24 јуни 2025 година, беше отслужено опелото и погребението за душите на жртвите од терористичкиот напад врз храмот на светиот пророк Илија во Дамаск, Сирија.

Исходното последование го отслужи Неговото Блаженство, Патријархот Антиохиски, во храмот на Чесниот Крст во населбата Касаа.

По парастосот, телата на жртвите беа пренесени во храмот на Свети Илија во населбата Дуела, каде што беа извршени дополнителни молитвени последованија, пред нивното конечно погребение на гробиштата.

Според Антиохиската Патријаршија, Патријархот Јован Х Антиохиски, заедно со семејствата на жртвите, ќе прима сочувства во среда, на 25 јуни 2025 година, од 17:00 до 19:00 часот, во салата на храмот на Чесниот Крст во Касаа.

Патријархот Антиохиски: Ова што се случи претставува насочен напад врз христијанската заедница во Сирија

Патријархот на Антиохија и на целиот Исток, г. Јован Х, ги повика митрополитите од сириските епархии на средба во Патријаршиската резиденција, пред нивното учество на опелото за мачениците од храмот на Свети Илија – Дуела.

На состанокот присуствуваа митрополитите: Василиј Мансур (Акар), Никола Баалбаки (Хама), Атанасиј Фахт (Латакија), Ефрем Маалули (Алепо), Григориј Хури (Хомс) и Антониј Саад (Хоран).

Средбата беше можност за дискусија за актуелните околности и за изразување на болна и праведна осуда на ужасниот масакр кој се случи во храмот на Свети Илија – Дуела.

Патријархот и митрополитите нагласија дека ова што се случи претставува целен напад врз христијанската заедница во Сирија, но и врз секој Сириец и жител на Истокот.

Photo by: Patriarchate of Antioch

Повеќе фотографии на следниот линк: Оrthodoxtimes.com