ЗГ „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото топче од с. Зубовце со честитка до отец Партениј


Ваше Високопреподобие Архимандрит Партениј,

Со неизмерна радост Здружението на граѓани БИГОРСКИ МАНАСТИР – ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧE од с. Зубовце ја прими веста за Вашиот избор во епископ Антаниски.

Во оваа прилика од дното на срцето и душата Ви го честитаме изборот во возвишениот епископски чин.

Здружението на граѓани БИГОРСКИ МАНАСТИР-ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ – с. Зубовце, негувајќи ја традицијата со коњанички марш по патеката по која беше пренесено црешовото топче од Бигорскиот Манастир до Крушево, во минатата деценија беше и во иднина ќе биде нераскинливо поврзано со македонската духовна ризница Бигорскиот Манастир „Св. Јован Крстител“.

Вашето удостојување со возвишениот чин епископ Антаниски од страна на Свештениот Синод на МПЦ-ОА соодвествува на Вашиот духовен раст и мудро духовно раководство на неколку манастири меѓу кои и Бигорскиот Манастир „Св. Јован Крстител”.

Дозволете уште еднаш да Ви честитаме од името на сите членови на Здружението на граѓани БИГОРСКИ МАНАСТИР-ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧE – с. Зубовце.

На многаја лета, Владико!

с. Зубовце, 28.05.2020 година