Црковниот одбор на село Долно Мелничани упати честитка до отец Партениј по повод изборот за епископ Антаниски


Во име на селаните од мијачкото и дебарско село Долно Мелничани, како и од раселените по потекло одовде, го поздравуваме изборот на Отец Партениј од Бигорскиот Манастир „Свети Јован Крстител“ за владика на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Сите ние од овој малорекански крај сме сведоци на залагањето, трудот и пожртвуваноста на Отец Партениј, и затоа одлуката ја доживуваме како Божја промисла за заштитникот на Православието во најубавиот дел од Македонија.

Ние, верниците од селото Долно Мелничани, му честитаме на Отец Партениј, но и на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и се надеваме дека соработката на православните браќа и меѓусебната грижа ќе биде издигната на ново, уште повисоко ниво, бидејќи интересот и полето на дејствување ни се заеднички на сите.

На многаја лета, Владико!

Црковен одбор на с. Долно Мелничани,
четврток, 4 јуни 2020 година