На 16.10.2022 година во Соборниот храм св.Кирил и Методиј – Тетово, Неговото Блаженство Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан, отслужи Божествена Литургија во сослужение на: Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополит Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополит Повардарски г. Агатангел, Митрополит Европски г. Пимен, Митрополит Брегалнички г. Иларион, Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј, поранешен Митрополит Кумановско-осоговски г.д-р Јосиф, епископ Хераклејски г. Климент,епископот Антаниски г.Партениј и епископ Стобиски г. Јаков.
На Божествената Литургија, епископот Хераклејски г. Климент, ја обнароди одлуката бр.57 од 11.05.2022 на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со која преподобниот игумен Кирил Пејчиновиќ-Лешочки е вброен во ликот на светителите на Православната Црква. Споменот на преподобниот Кирил Лешочки – учител и просветител, ќе се празнува на 25 март по новиот стил.
На светата литургија покрај многубројниот верен народ присуствуваа министерот за внатрешни работи во владата на Р.М. г. Оливер Спасовски, директорот на Комисијата за верски прашана г. Даријан Сотировски,пратеници од собранието на Р.М и претставници од советот на општина Тетово.
На Божествената Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.