Израелските археолози, пронајдоа под Ерусалим урнатини од древен византиски манастир и храм стари 1500 години, со добро сочувани цветни мозаици.
Според зборовите на раководителот на ископувањата, Бинјамин Сторхан, станува збор за поголем манастир со храм од V – VII век од нашата ера. „Ние ги измеривме димензиите на ѕидовите и сфативме дека овој бил голем манастир со чудесен храм… Манастирот и храмот датираат од средината на V до почетокот на VII век од нашата ера“, изјави Сторхан. Тој објасни дека древниот комплекс се наоѓа нешто посеверно од долината на ха-Ела, која е позната како местото каде што се случила борбата помеѓу Давид и Голијат. Стручните лица велат дека кон крајот на византиската епоха целиот овој комплекс бил напуштен. Интересно е што на подот од оваа древна градба, беа пронајдени цветни мозаици. „Нас навистина нѐ восхити тоа колку прекрасно се сочувани овие мозаици“.
Освен тоа при ископувањата беа пронајдени и стари крстови, керамички садови и орнаменти, како и во потполност сочуван свеќник од Абасидовата епоха.