Автентичноста на Гробот Христов и Голготската карпа III дел

(Благодатниот оган – чудо на Христовиот Гроб – Дваесет и четврти дел)

 

Автентичноста на Гробот Христов и Голготската карпа III дел
Камениот прстен што беше пронајде на дното од отворот во кој Крстот бил поставен на местото на Распетието.

Во 1810 година, 2 години после катастрофалниот пожар од 1808, архитектот Николаос Комненос го постави светиот олтар на врвот на Голгота, некаде 40 см. западно од точното место на Распетието, пред сѐ поради почит кон Светињата и со цел да го заштити од идни разорувања. Подоцна, автентичното место на Распетието било покриено со мермерни блокови и никој немал пристап до него. Два века подоцна, во 1986, беше донесена одлука мермерните плочи да се отстранат, и на ова место за да првпат се спроведе ископување. Беше направено извонредно откритие. Имено на длабочина од 40 см. во отворот за Крстот што бил употребен за Распетието, беше пронајден камен прстен со надворешен дијаметар од 19 см. Овој прстен е потврда за вистинското место на коешто Крстот Христов бил прицврстен за карпата.

Според двајцата раководители на ископувањата, проф. Лавас и д-р Митропулос, прстенот и  облогата со која што бил покриен, датираат од ранохристијанскиот период, пред создавањето на Форумот на цар Адријан, односно во периодот помеѓу 33 и 135 година.

За време на истото ископување во карпата на растојание од 1, 23 метри од местото на Распетието беше пронајден изгравиран крст. Овој врежан крст ја имаше истата облога каква што беше најдена на прстенот. Од тука се гледа дека ранохристијанската Црква го знаела точното место на Распетието.

Изгравираниот крст што беше пронајден на врвот на Голгота, издлабен во варов малтер. Трите краци имаат овални завршетоци а четвртиот завршува во аголот на квадратот.  Според др. Тео Митропулос, „Не постои сомнеж дека четвртиот крак го симболизира невидливиот дел од Крстот кој што беше забоден на местото на Распетието длабоко во карпата“.

План на Голготската карпа

(Продолжува)