Потребни состојки:
- 500 гр. риба (лосос)
- 3 лажици брашно
- 2-3 моркови
- Зачин од зеленчук
- Бибер
- Ловоров лист
- Сол
- Магдонос
- Масло
Начин на подготовка:
Рибата се мие и се става во тенџере да врие 10′-15′ и се додаваат две ливчиња ловоров лист. Откако рибата ќе се свари, се вади и се остава да се излади, па се чисти од кожата и коските. Во тавче со загреано масло се става морковот, претходно исчистен и изрендан од ситната страна на рендето. Откако морковот добро ќе се испржи, се додава брашното и се пржи заедно додека запршката не добие златникава боја.
Потоа се остава да се излади. Водата во којашто се вареше рибата се прецедува и се става да врие, се додава запршката и се зачинува со зачин, ловоров лист, сол, бибер. Откако сето тоа ќе поврие 5′-10′, се ставаат очистената риба и магдоносот, ситно иситнат. Тогаш чорбата се трга од оган.