Девојчето со краткото здолниште

Еднаш пред многу години, кога Св. Порфириј Кавсокаливит сѐ уште беше настојател на храмот при Атинската поли клиника, тој заедно со уште две девојчиња, негови духовни чеда, одеа по улицата близу плоштадот „Омонија“.

Во пресрет им доаѓаше девојче кое изгледаше многу провокативно. Носеше многу кратко здолниште кое тогаш беше во мода. Здогледувајќи ја, Старецот ги праша своите духовни ќерки:

-И, што велите? Го осудивте ли ова девојче?

-Не, отец – одговорија тие, совршено добро знаејќи го мислењето на Старецот.

-Правилно постапивте. Не судете за луѓето според тоа како се облекуваат. Тоа девојче има прекрасна душа со голем духовен потенцијал. Нејзиното однесување и провокативен изглед се само последица од нејзината духовна сила. Замислете си што би било ако ова девојче Го запознае Христа, ако ги стекне вашите знаења?! Таа со сигурност би достигнала голема духовна висина.

Таков беше методот на Св. Порфириј Кавсокаливит. Неговите примери беа практични и се засноваа на личниот животен опит.