Духовна неосетливост – II дел

Духовната неосетливост на Израилот

Всушност Израилот постојано страдал од оваа духовна болест, како што и Божјото Слово во повеќе наврати го истакнува тоа. Уште од старозаветните времиња, па до новозаветните, а за жал и до ден денес.
Евангелистот Јован, истакнувајќи ги пред Израилот чудесата што Господ ги извршил, одново ќе каже: Иако толку чудесни знаци беше направил пред нив, тие пак не веруваа во Него (Јован 12,37). Зошто не поверувале? Бидејќи не гледале. Зарем не гледале со нивните очи? Со нивните очи гледале, но не гледале со очите на душата.
Израил, како што ви кажав, страда и до ден денес, а страда токму заради таа духовна бесчувственост, заради самиот себе, а пак, тој, самиот, стана повод за страдањето на целото човештво.

Во своето Второ Послание до Коринтјаните Св. Апостол Павле со болка го одбележува следново: Но умовите нивни заслепеа – односно умовите на Израилците биле покриени – бидејќи и до денес, кога се чита Стариот завет, им стои истиот превез, зашто само Христос го симнува (2 Кор. 3,14). И како што тогаш во првиот век кажал Апостол Павле и денес во 21 век можеме да го кажеме истото: Кога се чита Мојсеј превезот им стои на нивното срце (2 Кор. 3,15).


покривалото им стои на срцето!


За да го разберете значењето на овие зборови, ќе ви го разјаснам историскиот момент на кој што се однесуваат зборовите на Св. Апостол Павле. Кога Мојсеј по втор пат слегувал од Синајската планина, без да знае, лицето му заблескало, исто како што му светело лицето на Исуса Христа на Тавор. Светлината која што Израилците не можеле да истрпат да ја видат, предизвикала во нив одбивање. Тоа е светлината на Божјата слава, самата онаа Божја слава, која истовремено привлекува и одбива. Бог секогаш привлекува и одбива – ги привлекува оние кои што, би рекле, се склони кон привлекување и ги одбива оние кои се склони кон одбивање. Воопшто, Божјото присуство привлекува и одбива.

И кога Израилците го виделе лицето на Мојсеј озарено, прославено, се уплашиле и се ужаснале; не можеле ниту да се приближат до него, ни да зборуваат со него. Затоа и го замолиле да стави превез на своето лице за да можат да му се приближат и да му зборуваат.


Но кога ќе се обратат кон Господ, превезот им се симнува.


Апостолот на алегоричен начин го користи тој превез на Мојсеј. Така, кога св. Апостол Павле вели дека и до ден денес завесата што Мојсеј ја поставил стои врз нивните очи, тој всушност мисли дека тие не можат да Го откријат Христа во Писмото. „Симнете го превезот од очите“ – како да им вели тој – „видете го Писмото“. Тие не го симнуваат тој превез и затоа до ден денес, кога го читаат Стариот Завет, како што вели Апостолот Павле, тие не разбираат ништо. Би можеле да дадат безброј толкувања и размислувања, со исклучок на едно – дека Исус Христос е воплотениот Бог.

И друг пат сум ви кажувал дека тие тврдат како наводно сè уште го чекаат Месијата. Или дека Месијата воопшто не е човек, туку народ (месијански толкувања) и дека тој народ е Израилот, кој претендира на своите права преку цијанизмот. Така ционистите се претвориле во голема карпа и голем камшик за Христијанските народи. Вистински камшик! Зошто? Бидејќи погрешно толкуваат. Бидејќи сè уште им стои превезот. Кога би  го тргнале, би Го виделе Христа, не во Новиот, туку во Стариот Завет што го држат во рацете, и тогаш тие со сигурност би ги прекинале своите непријателства против Христијанските народи.

Но каков е тој превез на нивните срца денес? Оти Апостолот вели дека превезот им стои не на очите, туку на срцето. Тоа е бесчувственоста. Тие се неосетливи, бидејќи во еден миг посакале да бидат неосетливи.


Духовната неосетливост на новиот Израил. Неопходност од самокритика


Но се појавува едно прашање. Прашање за самокритика. Имено, дали таа духовна неосетливост е карактеристична само за Израилскиот народ или е присутна и кај новиот Израил, Израилот на благодатта, односно кај Христијанскиот народ. Кога велиме Христијанскиот народ, мислиме на Христијаните по целата земја. Дали таа духовна неосетливост постои и кај Христијаните?

Треба да признаеме дека дури и во наше време таа духовна неосетливост е присутна и тоа во поразителен и очаен степен. Нашите Христијани денес се духовно крајно неосетливи. Нашите Христијани! Дали ционистите се труделе околу тоа, Бог знае, или, пак, ние Христијаните сами си ги допуштивме да страдаме од таа разорност, повторно Бог знае. Сигурно е само едно, дека денес навистина ја пројавуваме таа состојба на духовна неосетливост.

Затоа возљубени, ајде барем, ние, кои го слушаме Божјото Слово, да се свртиме кон себе. Како Марко Аврелиј, тој император, филозоф, стоик, кој кога пишува, пишува за себеси. И што и да пишува, тој не го пишува за другите, туку за себеси. Така и со нас; ајде да си направиме самокритика, за да можеме, доколку можеме, да ја откриеме таа наша духовна неосетливост.

„Но, луѓе, не гледате ли каде одите?!…“

Таа состојба е понекогаш толку трагична што доаѓаме до таму да кажеме: „Ама, луѓе, не гледате ли? Не гледате ли каде одите?!…“ Па дури и постојат толку лоши околности, што децата да им велат на своите родители, онака како што родителите им велат на своите деца: „Ама, дете мое, не гледаш ли, не гледаш ли каде одиш?!…“. Или да сме принудени им кажеме на своите ученици: „Ама, како не можете да видите на каде ве влечат?!…“.

 „Ама, не гледате ли, Христијани мои, каде ве завлекуваат или кој ве завлекува?!…“

Е не го гледаат. Исто како кога гледаш дека другиот човек со отворени очи чекори кон провалијата, и обајцата ја гледате пропаста пред себе, но оној другиот човек не застанува, туку врви упорно напред. Му велиш: „Внимавај, провалија!“, тој ти вели „Ја гледам“ и оди да падне во провалијата. Тогаш те обзема очај, и си велиш: „Со какви зборови треба да му објаснам дека пред нас има провалија? Да го фатам да го врзам?“

Но денешните човекови права за слобода и демократија, веќе не го дозволуваат тоа, до тој степен што ни родителите веќе не смеат да ги удрат своите деца. Тие не можат да  удираат, бидејќи имаме човечки права…

И така, што да правам со него? На каков јазик да му зборувам? Тој е бесчувствен, не осетлив! Ве уверувам дека во такви околности секој кој што има барем некаква осетливост, дури и елементарна, го обзема очај и започнува да губи надеж. Не знам дали тоа што ви го кажувам е доволно, за да ви ја пренесе мојата немоќ и очај. Да му кажеш на едно дете: „дете мое, не го гледаш ли тоа?“, а тоа ништо да не разбира! Крвта, така да кажам, му удрила во главата. Ете зошто треба да бидеме самокритични. Злото е многу длабоко, многу многу длабоко. Затоа да внимаваме за да извлечеме некаква поука за нас од оваа многу актуелна денешна тема.


Неосетливоста: тешка болест

Каква е таа духовна неосетливост? Таа е пред сè болест, заболување. Исто како што би рекле дека овој човек не гледа, значи нешто не е во ред со неговите очи, тие се болни. Или не слуша, значи ушите му се болни. Но тоа е тешко заболување. Многу тешко!

Ѓаволот се обидува да ги разболи нашите сетила, а Христос се обидува да ги излекува. Дозволете ми малку да се вратам назад. Знаете ли зошто демоните владееле над луѓето и ги правеле опседнати, глуви, слепи или парализирани. За да не можат да појдат и да ги слушнат, да ги слушнат Божјите зборови или да ги видат со очите свои Божјите чудеса.
 

(Продолжува…)