Две или една? – III дел

Со текот на времето во периодот на Преродбата, но особено во Новото време, започна да се развива концепција на две вистини – вистина на верата и вистина на разумот. Еден од нејзините поддржувачи бил познатиот Михаил Василевич Ломоносов. Тој напишал: „Не е со здраво расудување оној математичар којшто сака божествената волја да ја измери со компас. Таков е и богословскиот учител доколку тој мисли дека астрономијата и хемијата можат да те научат на Псалтирот“.

Мислата за тоа дека постојат два методи на познавање: природен – науката како резултат на работата на разумот и од Бога – верата, религијата, Црквата – денес тие се едни од најраспространетите. Но богословите и Отците на Црквата не се согласуваат со оваа мисла. Тие тврдат дека не треба да се зборува за две вистини, вистината е една. Вистината е Христос Којшто Самиот за Себе рекол: „Јас сум, Патот, Вистината и Животот“ (Јован, 14, 6). И таа вистина е таинствено пројавена во Него во вид на соединетост на божествената и човечката Негова природа. И ние не само што треба, туку сме и обврзани да зборуваме за една вистина. И навистина, како што ќе видиме од следните наши беседи, многу проблеми бараат како богословски, така и природно–научни познанија, како на пример, толкувањето на Шестодневот – шесте дена на создавање, за коишто се зборува во Светото Писмо, но коишто се однесуваат и на научното познание на светот.