Кога сме благодарни, проблемите не исчезнуваат, но веќе не ни го определуваат животот

Не прашувај за смислата а животот. Самиот тој е смисла. Самиот ти си смисла. Смислата се наоѓа во тоа што постоиш, што си тука, што Бог посака ти да постоиш уште пред да го сотвори светот. Почувствувај го тоа, не да анализираш. Прими го со срцето, а не со умот…

Благодари за тој подарок, почувствувај благодарност денес, не утре, дури и да не е сè совршено. Излези надвор, вдиши ја благодарноста. Прошетај, погледни, слушни, почувствувај, почувствувај го ветрот, мракот, сонцето, водата, земјата. Остави го умот и слези долу кон срцето. Биди човек, почувствувај Го Бога внатре во себе.

Престани да се губиш помеѓу сè или ништо, убаво или лошо, грешно или свето, црно или бело. Не постојат такви реалности. Во животот, хармонијата не доаѓа од ограничени системи, туку од хармонични композиции на спротивставености.

Сè е ужасно само во твојот ум, за Бога сè е хармонија. И тоа што го нарекуваш ужасно е еден друг вид на благослов, и тоа што го нарекуваш пропаст е пат кон утрешниот успех. Исправи се, не се ве ведни, не се згрбавувај, не биди несреќен. Дозволи телото да ти заземе правилен став, за и душата да ти биде во правилна состојба. Секој став открива состојба.

Разбуди се следниот ден и дозволи една насмевка да се нацрта на твоето лице, па дури и кога не го чувствуваш тоа потполно. Претвори го ова во навика, и создавај вакви благословени навики. Едноставно кажи „слава на Бога“, дури и кога ништо не оди како што треба. Зашто ако кажеш дека сè е лошо и започнеш да се жалиш, што ќе се промени? Сакаш да знаеш? Работите ќе станат уште полоши.

Сакаш да копаш подлабоко кон адот или да посадиш цвет, создавајќи си своја рајска градина? Ете прашај ги тие, кои за време на страдањата роптаа. Нека ти кажат што стекнаа. Сакаш да знаеш? Крајно поголемо влошување. Прашај ги сега оние кои и покрај страдањата, решија да кажат во себе: „Нема да сум несреќен и да тагувам повеќе, ќе живеам како што можам со Божјата помош“. Нека ти кажат што им се случи од моментот кога го кажаа тоа. Животот им се исполни со радост и пак радост.

Знам дека звучи малку нереално и премногу едноставно, но не е ниту едното ниту другото. Тоа всушност е реалноста, кога ќе сфатиш дека длабоко во себе, нашите мисли, нашите суштински верувања и сфаќања ја оформуваат нашата реалност. Кога сме благодарни, проблемите не исчезнуваат, но веќе не ни го определуваат животот. Кога живееш во благодарност, проблемите нема да ти ја задржат насмевката, нема да ти ја одземат радоста, нема да го променат текот на твојот живот.

Во овој живот постојат два избори. Или ќе станеш жртва, или пак херој. Избери да бидеш свој херој. Да застанеш над своите рани.  Да станеш вистински потомок на сите оние херои и светии кои успеале. Не плаши се. Ти си потомок на оние што успеале, па можеш и ти да успееш.