Кога ти замолкна Вистината прозборе

Имаше еден многу надарен и речит проповедник кој знаеше многу убаво да зборува, но тој,  самиот, беше многу нетрпелив и избувлив. Иако се трудеше многу да ги убеди своите пријатели да се свртат кон морален живот, како минуваше времето сфати дека, всушност, многу малку од нив го послушаа неговиот совет. Едноставно колку убаво и да им објаснуваше, колку и да беа восхитени од неговите зборови, тие сепак не сакаат да променат ниту една од своите лоши навики.

-Подобро да почнам повеќе да работам на себеси, да се борам со моите слабости и да се обидам да ги следам и советите што ги проповедам, – си помисли проповедникот.

Од тој момент тој престана да зборува толку многу и постепено неговата проповедничка слава како вешт проповедник исчезна кај луѓето. Сепак, на негово големо чудење, сè повеќе и повеќе од неговите пријатели почнаа да го следат неговиот пример, да се борат и да ги надминуваат своите лоши навики. Еднаш, кога беше со нив, не можеше да издржи, а да не праша:

-Добро, ве молам кажете ми, толку убави поуки кажував за моралниот живот, а вие ни да чуете. Сега, пак, кога не проповедам повеќе, сите се трудите да се поправите. Зошто?

Неговите пријатели со насмевка го погледнаа и рекоа:

-Кога ти замолкна, проговори вистината!

Зашто царството Божјо не е во зборови, туку во силата (1.Кор. 4,20)