Машкоста е невознемиреност од стравот пред смртта, бестрашност пред неволјите, храброст пред опасностите и избирање на чесна смрт отколку срамно избавување.
Ми се чини помажествен е оној кој ги надвладеал телесните желби, отколку оној кој ги надвладеал непријателите, бидејќи потешко е да се победи самиот себе.
Мажествен е оној, кој не само што им дава отпор на непријателите, туку и оној кој им дава отпор на насладите, бидејќи често оние кои ги победуваат непријателите, им робуваат на сопственитепохоти.
Машкоста е незбунување на душата со страв, храброст на борците, познавање на воената вештина, воздржаност на душата пред стравотиите и ужасите, целисходната смелост во расудувањето, храброста во очекувањето на смртта, присебност во опасностите, урамнотежена храброст пред опасностите, постојана сила за добродетели, мир на душата пред неволјите и пред сé што наздравиот разум му се чини храбро, чување на тајни знаења со страв, борбено искуство, цврсто стоење во законот.