Промоција на филмот за Свети Нектариј Егински, наречен ,,Човек Божји‘‘

Извор:

Филмот на режисерката Јелена Поповиќ ,,Човек Божји‘‘  за најголемиот чудотворец на 19 -от и 20-от век, Свети Нектариј Егински, ќе ја доживее својата промоција кон крајот на месецов, како дел од Православниот филмски фестивал во Лос Анџелес. Досега, како дел од својата меѓународна премиера, филмот настапи на 43-от Московски фестивал каде ја доби наградата на публиката. Овој филм исто така беше номиниран за најдобар филм на филмскиот фестивал ,,Феникс‘‘.

После оваа онлајн промоција предвидено е филмот масовно да биде прикажан низ кината во сите православни земји, штом ќе попуштат корона мерките и ќе се овозможат услови за тоа. 

,,Човек Божји‘‘ – Oфицијален трејлер