Проекции на филмот за Свети Нектариј Егински

Почитувани наши читатели,

Ве известуваме дека со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот г. г. Стефан, а по иницијатива на Кабинетот на Архиепископот и во реализација на добронамерници, Христијаните од Македонија, љубителите на филмот, како и преостанатата публика, ќе имаат можност да го погледнат прекрасниот игран филм за Свети Нектариј Егински – „Божји човек“ во Cineplexx киното во City Mall, во Скопје.

Термините за проекциите на филмот, следете ги на сајтот на киното Cineplexx.

Напоменуваме дека за проекциите важат ковид протоколите.