Мироточива икона на св. Нектариј

Извор:

На 8.11.2018 година во чест на празникот на Св. Нектариј беше отслужена празнична вечерна во храмот на патријаршиското училиште „Св. Макариј Египетски“ во Најроби. На крајот од вечерната свештеникот одржа прекрасна беседа за животот на Св. Нектари и ја заврши својата беседа со апел до присутните да го имаат Св. Нектариј како свој пример во животот, и да го следат во добродетелите, и покрај своите бројни човечки слабости. Меѓу другото свештеникот ги потсети сите дека светиите се секогаш со нас, покрај нас, тие буквално не опкружуваат и слушаат кога им се обраќаме и ги молиме за нешто. Следниот ден беше отслужена Литургија во храмот. Кратко после Литургијата свештеникот беше повикан во храмот, бидејќи нешто се случуваше и никој од присутните не знаеше да го објасни тоа. Од внатрешноста на храмот го чекаше чудесна глетка. На насликаниот лик на Св. Нектариј, поточно од Светото Писмо што светиот го држеше во раката, се излеваше миризлива маслена течност. Свештеникот ја допре со прстите, се прекрсти и мораше веднаш да појде во соседното село да отслужи Литургија. За сето време додека траеше Литургијата, мирото од Евангелието на светиот обилно се излеваше. Дури по завршувањето на Литургијата мироточењето запре.

 

Му благодариме на светиот, којшто благоволи на овој ден кога Црквата го слави, да им се јави на нашите верни во Најроби и така да ги утврди во верата. Ова беше особено силно сведоштво за новопокрстените Африкански браќа, бидејќи вакво нешто тие никогаш во животот не доживеале и е незамисливо во нивната култура.

Тие изјавија дека она што го видоа ја утврди нивната вера, отворајќи им ја ширум вратата кон благодатта на Светиот Дух, која буквално ги облеа, покажувајќи им ја сета чудотворна сила на светиот.

Бидејќи ова беше прво вакво искуство во животот на верните свештеници во Најроби, тие за прв пат видоа толку видлив пример на присуството и чудотворната интервенција на Св. Нектариј на неговиот ден, решивме да го објавиме чудото за така уште повеќе да ја зголемиме верата на православните и да им ја пренесеме пораката дека нашите молитви се услишувани од Христовите светии, дека тие на свој начин доаѓаат и нè утврдуваат, издигнувајќи нè на крилјата на нивната љубов и милост, до духовна височина и просветление.