Филмот за Свети Нектариј ги сруши рекордите во киносалите на Америка

Извор:

Филмот „Man of God“ кој на многу духовен начин го прикажува животот на Свети Нектариј Егински, во еден здив ги освои срцата на гледачите ширум светот. Имено, во овој Свет и Велик Пост, филмот беше предвиден за прикажување во само еден ден и тоа во избрани киносали низ Америка, меѓутоа се случи изненадување – во само еден ден прикажување, филмот се смести меѓу петте најгледани филмови, заедно со новата продолжение на „The Batman“ „Jujustu Kaisen 0“ и „Uncharted“. 

Како што известуваат од официјалниот Facebook профил на Ватопедскиот манастир, поради големиот интерес американските киноздруженија се принудени да закажат нови проекции на споменатиот филм, за да ги задоволат барањата на сè поголемиот број духовно гладни американски граѓани, кои во овој филм за надежта и исцелението, видоа голема духовна поткрепа. 

Во филмот којшто е режиран и продуциран од Јелена Поповиќ, учествуваат познатите актери: Mickey Rourke, Aris Servetalis и Aleksandar Petrov. Музиката за филмот беше компонирана од францускиот автор Zbigniew Preisner, со посебно учество на Lisa Gerard, која ја освои наградата Златен глобус за својата изведба.

Македонската публика исто така имаше можност да го гледа ова врвно филмско остварување во киносалата Cineplex и на најдобар начин да ја види духовната борба на големиот светител и чудотворец Нектариј.