За моралната немажественост

 

Моралната немажественост е недостаток на морална сила, која се појавува како попустливост, покорност, како пораз, како ропство. Немажественоста е најголема морална слабост, а од неа се раѓаат сите гревови.
Оној кој е лишен од моралната сила неможе да им даде отпор на надворешните и внатрешните искушенија кои се зачнуваат во неговото срце; не може да истрае во добродетелта и да го одбие гревот и, иако ја признава убавината и благодатта на добродетелта и гнасотијата и смрдеата на гревот, не може да одолее и да истрае цврсто во копнежот за добро. И послаб притисок ја крши неговата сила и незначајното искушение – неговата храброст. И случајната неволја ќе му преовладее во душата и ќе го соголи. Ќе претрпи пораз во борбата и ќе го спушти оружјето пред да почне битката. Морално немажествениот човек немажествен е и во војната со непријателите на својата татковина, бидејќи е плашлив и животољубив. Секогаш се извлекува за да го спаси својот живот и бега за да не се најде во било каква опасност. Се плаши да не изгуби нешто од својот имот и да не остане без удобност. Трепери од страв за своето здравје и често стравот од погибел го прави бегалец кога ќе дојде до борба. Кој е лишен од моралната сила, го жртвува заедничкото за сметка на личното, сметајќи ја поважна сопствената полза отколку заедничката, ја предава својата земја и ги жртвува светоста само за да не го снајде него некаква неволја. Тој, без морална сила, победен од злобата и гревот, станува најлош човек, погубителен и опасен за сите. Сите треба да се одвраќаат од оној кој не знае за морална машкост, како од кукавица, плашливец и подмолен.