На денешен ден, 13 ноември, се навршува една година од блаженото упокојување на секогаш спомнуваната мати Агнија, игуменијата на нашата Свештена Пречистанска Обител, која долги години ѝ служеше на Пречистата Богомајка. По тој повод, вчера во благовештенскиот соборен храм на манастирот беше отслужена света заупокоена Литургија, со која чиноначалствуваше нашиот почитуван архипастир, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение со духовенство од нашата епархија. По завршувањето на Литургијата, митрополитот г. Тимотеј го возглави и молитвениот парастос за покој на душата на почината рабина Божја, игуменија Агнија. Трисагија за упокоени беше отслужена и на манастирските гробишта.
На нашата голема радост, манастирот беше исполнет со многубројни верни, кои дојдоа духовно да се нахранат од светото богослужение, но и да ги принесат своите молитви за долгогодишната старешинка на овој значаен манастир, која својот монашки пат успешно го заврши, верата ја запази и во небесните обители се пресели.
Вечен нека ѝ биде споменот!
Изестуваат сестрите од Свештената Пречистантска обител.