Откако се исполнивме со радосната и просветителна Богојавленска благодат, по неодамнешните торжествени и богоблагодатни празнувања, обновени и со уште поголема ревност се насочивме кон претстојните работни активности, славејќи го Бога и благодарејќи Му непрестајно за неговите бескрајно штедри дарови. Така, денес на високо издигнатата бигорна карпа, која како дланка го држи манастирот силно прилепен во прегратките на Бистра, можеше да се види една несекојдневна глетка. Младите и познати македонски планинари, Илија Ристовски од Скопје и Никола Андоновски од Гостивар, својата љубов кон природата и спортот умешно ја споија со љубовта кон премудриот Творец и кон Неговите православни светињи. Така, со својот од Бога даруван талант да се качуваат на тешко пристапни места, тие драговолно помогнаа да се очисти масивната бигорна карпа од дивите растенија, кои веќе подолго време ја оштетуваа и разградуваа со своите длабоки корења. А добриот Бог ги исполни нивните благочестиви срца со вистинска радост, бидејќи единствено Божјата благодат, која Бог ја дава, кога сите наши способности ги ползуваме само за добри и богоугодни дела, носи вистинска духовна радост и задоволство. Нека милостивиот наш Спасител Исус Христос ги посети со Својата божествена благодат сите што трудољубиво ги умножуваат даруваните им таланти, непрестајно правејќи добри дела; тие на денот на Судот ќе го слушнат најпосакуваниот глас: „Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; влези во радоста на својот Господ“ (Мт. 25, 21).

-
-
Нашиот Емаус – каде што Воскресението станува Литургија
- 23 април 2025
-
Втор ден на Светата Пасха во Бигорски
- 22 април 2025
-
(Видео) Вечерна на љубовта
- 21 април 2025
-
(Видео) Воскресение Христово – Света Пасха
- 21 април 2025
-
Воскресението како повик: станете нова твар!
- 21 април 2025
- Најчитани објави
-
-
(Видео) Света и Велика Сабота
- 19 април 2025
-
-
(Видео) Воскресение Христово – Света Пасха
- 21 април 2025
-
(Видео) Свет и Велики Петок
- 18 април 2025
-
Воскресението како повик: станете нова твар!
- 21 април 2025
Чуда на св. Јован
-
Ново чудо во Бигорски
- 3 февруари 2023
-
Чудата на Свети Јован во Бигорски не престануваат
- 7 септември 2022
-
Нови чуда на Свети Јован Крстител во Бигорски
- 29 јуни 2022