По барање на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, кој негува особена љубов кон Лешочкиот Манастир и често е присутен таму, денес се оствари консултативна средба за дефинирање на проектот за реконструкција на стариот конак на манастирот. На средбата учествуваа: г-ѓа Ѓурѓица Лековска, архитект од Националниот конзерваторски центар, со големо искуство во традиционалната народна и манастирска архитектура; нејзините соработници – познатите црковни архитекти Владо и Искра Лековски, како и Архимандрит г. Партениј, кој како опитен и долгогодишен игумен на живи општежителни манастири, даде совети за изнаоѓање решение на прашања од голема важност за идната ревитализација на Лешочкиот манастир. Се работи за конак изграден во 19-ти век, кој е веќе во многу лоша состојба. Проектот, кој е почеток на планот за потполно обновување на Лешочкиот манастир, ќе биде финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
-
(ВИДЕО) Богојавление во Ростуше и на Радика
- 19 јануари 2026
-
Традиционалното реканско бдение во пресрет на Богојавление
- 18 јануари 2026
-
Богојавление – осветување на тварта и спасение на целиот човек
- 18 јануари 2026
-
Почетокот на годината со благослов, благопожелби и благодат
- 14 јануари 2026
-
Време благопријатно и ден на спасението
- 14 јануари 2026
-
Споменот на Првомаченикот во Рајчица
- 9 јануари 2026
- Најчитани објави
-
(ВИДЕО) Богојавление во Ростуше и на Радика
- 19 јануари 2026
Чуда на св. Јован
-
Ново чудо во Бигорски
- 3 февруари 2023
-
Чудата на Свети Јован во Бигорски не престануваат
- 7 септември 2022
-
Нови чуда на Свети Јован Крстител во Бигорски
- 29 јуни 2022











