Денеска Свештената Бигорска Обител беше почестена и удостоена со посетата на уште еден почитуван владика, Неговото Преосвештенство Епископот Липљански г. Доситеј, викар на Патријархот Српски г. г. Порфириј.
Во отсуство на Старецот на Обителта, Преосвештениот Епископ Антаниски г. Партениј, со негов благослов, ценетиот архиереј и неговата придружба беа достоинствено пречекани од манастирскиот економ Архимандритот Доситеј и од присутните браќа во Манастирот. По свеченото иподохи и многулетието во храмот, драгиот гостин беше примен во големиот синодикон, каде што разговараа со о. Доситеј за животот во Манастирот. Во продолжение, тој му ги покажа главните содржини на Манастирот, вклучувајќи ја Книгохранителницата. Таму, во Книгата за впечатоци Епископот г. Доситеј го напиша следново:
„Благодарен Му сум на Бога и на Св. Јован Претеча што се удостоив на посетата и што се поклонив на Бога во оваа света и многу древна Обител. Му благодарам и на Неговото Преосвештенство г. Партениј и на целото во Христова братство негово за укажаната љубов и гостопримство“.