Во Нигерија 400 поранешни исламски терористи се обратија во Христијанство. Зачудувачко е тоа што новообратените припаѓаат на најстрашната терористичка група која што извршува свирепи злосторства во Нигерија – нејзините членови направиле и продолжуваат да прават многу поголеми злосторства одколку надалеку познатата терористичка организација Боко Харам. Тие луѓе им припаѓаат на таканаречените муслимани-овчари фулани, радикална група која што во последното десетлетие зверски убија повеќе невини луѓе во таа африканска земја отколку сите останати формирани терористички групи заедно. Овие податоци беа објавени во извештајот на познатата разузнавачка и информативна организација со седиште во Лагос.
Случајот на обраќање кон Христа на дури 400 терористи се чини особено неверојатен со оглед на крвавата и дискутабилна слава што во Нигерија ја стекна оваа терористичка групација на исламски радикали. Тие не само што го примија Христијанството туку и се заколнаа со сите сили да се борат за мир во оваа страдална земја.
Нападите на овчарското племе фулани во последните години станаа вистинска неволја за северните градови во Нигерија, и овие напади се објаснуваат со последните измени на климата, како резултат на кои започнаа големи суши и дојде до опустошување на богатите пасишта. Така со потрагата по нови пасишта започнаа и жестоките конфликти на фуланите со локалното население во северните краеви. Само во последните неколку месеци на 2016 година исламистите радикали од групата на овчарите фулани убиле повеќе од 800 Христијани и притоа разурнале не помалку од 16 храмови.