Израелските научници пронајдоа археолошки сведоштва за масовното уништување извршено од страна на Римјаните, за време на опустошувањето на Ерусалим во 70 – та година по раѓањето Христово, што во потполност се сложува со описот кој го дава историчарот Јосиф Флавиј, како и Христовото пророштво во Евангелието дека од Ерусалим „нема да остане ниту камен врз камен“.
Израелскиот прес центар овој пронајдок го нарече „Шамар за Унеско“, бидејќи оваа организација го осуди Израил за окупација на источниот дел од Ерусалим. Во резолуцијата произнесена од група арапски држави, Израил е наречен окупаторска држава, а спроведените ископувања коишто се одржуваат на исток од Ерусалим, вклучувајќи го и Стариот град, се осудени за кршење на меѓународното право. Израелските власти остро го критикуваа документот.
Археолозите го спроведуваат ископувањето во југо-источниот дел, недалеку од Храмовата гора. Имено, тие таму пронајдоа стрели и муниција за балистика. Во ископувањето учество земаат и биолози и геолози, а по завршувањето на иследувањата пронајдените артефакти ќе бидат поставени на сеопшт преглед.