Промена на свештената Епистасија на Атон

Извор:

 

На 14 јуни 2017 година, во административниот центар на Атон, Кареја, во соборниот храм на Протатонот, се одржа годишната церемонија на предавање на управата на новиот состав на свештената Епистасија – главниот извршен орган на управата на Атонската монашка автономија.

Оваа година во состав на новата Епистасија влегоа отец Гервасиј Ивиронски, јеромонасите Јероним Симонопетриски и Епифаниј Пантократорски, а исто така и монахот Никифор Филотејски. Генерален секретар веќе петта година по ред е јеромонахот Теофил Пантократорски. За време на традиционалната торжествена церемонија Протоепистатот на претходниот состав, отец Варнава Ватопедски, според древната атонска традиција, му го предаде жезолот – символот на административната власт на Света Гора – на антипросопот на Великата Лавра, јеромонахот Никодим Лавриот. Тој ја има честа да им го врачува игуменскиот жезол, како на сите новоизбрани настојатели на Атонските манастири, така и на Протоепистатите на свештената Епистасија на Атон. Подоцна во текот на церемонијата, после молебниот и поклонението пред чудотворната икона на Божјата Мајка „Достојно ест“, јеромонах Никодин му го предаде жезолот на Гервасиј Ивиронски, новиот Протоепистат.