Романија: На четвртата православна младинска средба ќе учествуваат 6 илјади младинци

Извор:

Денес, 1 септември, започна четвртата по ред младинска православна средба во Јаши, Романија која ќе трае до 4 ден од овој месец и на која предвидено е да земат учество повеќе од 6 илјади млади луѓе од целиот православен свет.

Настанот е организиран од Светиот Синод на Романската Православна Црква. Младите ќе учествуваат на конференции, семинари, дебати, а ќе ги посетуваат и туристичките објекти во градот Јаши, во кој секоја година се одржува оваа средба. Целта на настанот е младите луѓе од различните православни народи малку повеќе да се запознаат меѓу себе. Ќе учествуваат млади луѓе од Романија, Бугарија, Србија, Грција, Русија, Украина, Израел САД и од други земји.