Баварија: одново ќе се постават крстови во административните објекти

Извор:

Управувачкиот министер на Баварија, кој е активен католик, издаде закон за повторно воспоставување на историско-религиозната традиција, според која во сите државно административни објекти треба да бидат поставени христијански крстови што го изобразуваат распетието на нашиот Господ Исус Христос. Оваа традиција, која била практикувана многу векови наназад, и во последно време напуштена, сега повторно се возобновува. Главен поттикнувачки мотив за овој закон, според новиот министер Маркус Зедер, е неопходноста за возобновување и запазување на традиционалните вредности на баварскиот народ. Во врска со ова тој изјави:

„Да се постави крст на влезот – е сосема нормална работа, една древна христијанска традиција. Затоа што крстот е историски симбол на нашиот идентитет“. Од страна на прес службата на министерот објаснија дека, целта на оваа одлука, освен истакнувањето на историскиот и културниот карактер на Баварија, исто така е и оддавање на почит и изразување верност кон основоположниците на христијанските вредности.