Во Скопје на 29-ти Март во Спортскиот Центар Аеродром – ОУ Блаже Коневски се одира хуманитарен меѓународен натпревар помеѓу екипите ФК Бигорски – духовни чеда на Манастирот Св. Јован Бигорски и гостите од Р. Србија – поклоничко друштво ПУТ НА СВЕТУ ГОРУ.
Победник на натпреварот беше гостинската екипа ПУТ НА СВЕТУ ГОРУ.
Сите собрани средства од натпреварот ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани.
Упатуваме голема благодарност до гостите од Србија, како и до сите учесници, публиката и сите хумани луѓе што помогнаа и донираа.