Во продолжение на работните состаноци на Светиот и Свештен Синод на Вселенската Патријаршија беше одлучено јеромонахот Христофор Панајотопулос, познат како Деденце, да биде вброен во Диптихот на Светиите на Православната Црква. Неговиот спомен ќе се чествува на 18 јануари секоја година.
Детално, соопштението на Вселенската Патријаршијата:
Во продолжение на работните дејности на Светиот и Свештен Синод, едногласно беше одлучено да се прифати предлогот на Светата Црква на Грција за вбројување во Диптихот на Светиите на Црквата на блаженоупокоениот јеромонах Христофор Панајотопулос, наречен Деденце, чиј спомен ќе се чествува секоја година на 18 јануари“.