На денот на православната младина, кој пред 8 години беше востановен во Руската задгранична Црква, кон православните момчиња и девојчиња традиционално со слово се обрати Њујоршкиот и источно-американскиот Митрополит Иларион. Меѓу другото неговото високопреосвештенство им напомна: „Оваа година го одбележавме 10 годишниот јубилеј од обединувањето на двете древни руски Цркви. Обете наши Цркви за овој настан ѝ благодарат на добрата волја на нашите блажени и секогаш споменувани Претстојатели Светејшиот Патријарх Алексеј II и Митрополитот Лавр. Сето ова ни сведочи колку блиску до нас е благодатта Божја, како и тоа дека достигнувањето на Царството небесно е главна цел на христијанскиот живот. Така што ајде да го устроиме својот живот според таа цел, сведочејќи му на светот за Христа и негувајќи го доброволното младешко служење“.
Митрополитот ги повика младите „да ги чуваат во своето срце зборовите на Светото Писмо: Бидете свети, како што е свет вашиот Отец Небесен, љубете Го Бога и ближните, трудете се кон искрена и огнена молитва, стекнувајте – според советот на Преп. Старец Серафим – дух смирен, и тоа ќе биде доволно за илјадници околу вас во овој свет да се спасат“.
Митрополитот Иларион им посака на младите луѓе преизобилна помош Божја во сите добри и спасителни дела и го побара за сите Божјиот благослов.