Две години по првата етапа на реставрацијата на Светиот Гроб Господов, христијанските заедници во Светата Земја потпишаа договор за завршување на активностите за конзервација и реставрација за Светата Кувуклија и ротондата околу Светиот Гроб. За таа цел, во понеделникот на 27 мај, во Францисканскиот манастир се одржа средба помеѓу Ерусалимскиот патријарх Теофил, Францисканскиот претстојател Франциск Патон и Ерменскиот патријарх Нурхан. Во изјавата за договорот стои:
„Ние, претстојателите на христијанските заедници, кои сме одговорни за статусот кво во храмот на Господовото Воскресение, со голема радост и задоволство ве известуваме дека склучивме договор за возобнова на основите на Сесветиот Гроб и на ротондата при Храмот на Воскресението. Овој договор е знак и потврда за постојаната грижа на христијанските заедници во запазувањето и возобновувањето на ова свештено место, кое тивко и едноставно ја проповеда самата суштина на нашата вера. Дејноста ќе биде реализирана во две етапи, првата предвидува проучување на состојбата на основите на Светиот Гроб Господов, а втората фаза е самото востановување на основите, како и на подот на храмот. Ангажирани се два италијански научни институти со највисока квалификација, кои ќе го реализираат проучувањето и активностите на реконструкцијата, под надзор на заедничка комисија на сите заедници.
Го молиме Сесилниот Бог да го благослови овој почеток и да го овенча со успех нашето дело“.