Прекрасен гест од победниците во Лигата на шампионите: Ѝ ја посветија својата победа на Богородица

Извор:

Победниците во Лигата на шампионите – Реал Мадрид, се вратија во својата Татковина и го прославија својот успех во мадридскиот Катедрален собор. Шпанските фудбалери ѝ се заблагодарија на Богомајката за својата победа над „Ливерпул“.

Фудбалерите го принесоа својот пехар во подножјето на статуата на Дева Марија, која се наоѓа во католичкиот соборен храм во Мадрид. Притоа, епископот Хесус Видал срдечно ги прими победниците и високо го оцени нивниот благочестив гест, со кој тие ѝ ја посветија победата на Божјата Мајка. Епископот Хесус, трогнат од нивното богоугодно дело, им се обрати со зборовите: „За многу млади луѓе вие сте силен авторитет и пример за тоа како напорно се работи. Токму такви примери им се потребни на младите денес! Сите ние заедно можеме да создадеме поубав и посолидарен свет“.