Во Рејкиевик, Исланд, беше осветен првиот параклис, посветен на Св. Николај Чудотворец, подигнат на местото каде што треба да се гради првиот православен храм во Исланд. На чинот на осветувањето на крстот, што го изврши старешината на парохијата на Руската Православна Црква во Рејкиевик, протојереј Тимотеј Золотускиј, присуствуваше и Рускиот амбасадор во Исланд, Антон Василев.
Храмот ќе биде изграден на една од централните градски улици со поглед на пристаништето на Рејкиевик, и како таков ќе биде забележлив од сите страни на градот.