Се упокои во Господа митрополитот Калист Вер

Извор:

Вчера, на 24ти август, архиепископијата на Тиатир и Велика Британија, со тага објави дека се упокои Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Калист Диоклијски, познат теолог, предавач и автор, посветен и верен клирик и возљубен духовен отец. Неговото Преосвештенство помина долги години како служител на Христа и на Неговата Црква. Неговите зборови изговорени и напишани, го објавија Православието на целиот свет, а особено во неговата родна земја.

Митрополитот на Белгија, преку своја објава на социјалните мрежи, го кажа следното за покојниот архиереј: Му благодариме на Бога за она што беше и за она што значеше за Православната Црква насекаде во светот и општо за целото човештво. Јас самиот, го имав благословот да го запознаам уште во детството, кога мојот татко редовно го канеше за духовни предавања во Гент, Белгија. Исто така, бев благословен да го наследам во меѓународниот дијалог помеѓу Православните и Англиканската црква. Нека му е вечен споменот!

Калист Вер беше англиски епископ и теолог на Источно православната црква. Од 1982 година беше митрополит диоклиски и фригиски под Вселенската Патријаршија на Константинопол. Беше еден од најпознатите современи православни ерарси и теолози, а од 1966-2001 беше редовен предавач на Православните студии на универзитетот во Оксфорд. Православието го прегрна на возраст од 24 години. За своите првите контакти со православната вера пишува во автобиографскиот текст насловен „Мојот пат кон Православната Црква“.

Доста елоквентен со грчкиот јазик, Вер пристапи во манастирот на Св. Јован Богослов на Патмос, Грција и во 1966 година беше потстрижан за монах добивајќи го името Калист. Често посетуваше други православни центри како што се Ерусалим и Света Гора. Во 1982 година беше хиротонисан за епископ диоклиски и фригиски во Архиепископијата на Тиатир и Велика Британија при Вселенската Патријаршија. Како епископ продолжи со предавањето на универзитетот во Оксфорд, каде што и служеше како свештеник во оксфордската парохија. Автор е на неколку десетици книги, голем број на статии во различни периодични списанија, есеи на различни теми и предговори на многу други авторски изданија. Во соработка со други познати автори, учествуваше во преводот и објавувањето на многу православни аскетски и литургиски текстови како што е Филокалијата, Посниот триод и др.